четврток, 26 декември 2024

Турција го укинува извозот во Израел додека не дојде до прекин на огнот

Турското Министерство за трговија денеска соопшти дека го укинува извозот на производи од 54 категории во Израел се додека не дојде до прекин на огнот во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ограничувањето на извозот беше објавено откако Израел во понеделникот го отфрли барањето на Турција да се приклучи кон меѓународните напори за воздушни испораки на хуманитарна помош за жителите на Газа, а извозните ограничувања вклучуваат, меѓу другото, производи од железо и челик, градежна опрема и производи и машини, пренесе Тајмс оф Израел.

Турција, која го осуди Израел поради офанзивата во густо населениот Појас Газа и повика на итен прекин на огнот, испрати десетици илјади тони хуманитарна помош за цивилите во окупираната палестинска енклава од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Соединетите Држави почнаа да испраќаат помош во Газа по воздушен пат минатиот месец, заедно со Холандија, Франција, Шпанија и други земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ