понеделник, 3 февруари 2025

Тројцата починати во импровизиран верски објект се угушиле со јаглерод моноксид

Тројцата починати во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект се угушиле од труење со јаглерод моноксид, покажал наодот на судска медицина. Од Обвинителството попладнево потврдија дека се преземаат дејствија за утврдување на тоа што се случувало во неготинското село.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

На 8 декември минатата година, три безживотни тела беа пронајдени во неготинското село Црвени Брегови.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години. При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле, рекоа тогаш од обвинителството за МИА. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ