понеделник, 21 октомври 2024

Tројца пожарникари се повредени при гасењето на пожарите во Штипско и Светиниколско

Вчера во 13:45 часот во СВР Штип, од Клиничка болница било пријавено дека кај нив бил донесен 38-годишниот А.Ѓ. пожарникар од Територијалната противпожарна единица Штип. Во вториот случај вчера вечер во полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење пожар во селото Орел, Светиниколско, се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Според пријавеното, 38 годишниот А.Ѓ. пожарникар од Територијалната противпожарна единица Штип вдишал чад при гаснење на пожар во штипско“, информираше МВР.

Во вториот случај вчера вечер во полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење на пожар во село Орел, светиниколско, се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

„При превртувањето на возилото двајца пожарникари се здобиле со повреди. Од Итна медицинска помош им била укажана помош, по што биле пренесени во болницата во Кавадарци“, соопшти МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ