вторник, 22 октомври 2024
Во зграда во Кисела Вода

Лекари од Брза помош се повредени откако паднаа со лифт одејќи на повик да помогнат на пациент

Три лица од екипата на Итната медицинска помош од Скопје кои беа заглавени во лифт во подрумски дел од зграда на улица Христо Татарчев, 47 во скопската населба Кисела Вода се жалат на повреди. Брзаа по дојава дека пациент има потреба од помош, но се заглавија во лифт која се откачил и од погорните катови паднал во подрумот.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), екипата се движела од приземје кон шестиот кат на зградата каде што биле повикани, но кога дошле малку над вториот кат лифтот забрзано се спуштил и паднал во подрумот.

Претходно ЦУК информираше дека е добиена пријава на телефонот 112 во 11:22 часот за заглавена екипа на Итната помош во лифт во зграда во скопска Кисела Вода.

„Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје. Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа  на Итната медицинска помош. Најмалку четири лица биле во лифтот во моментот на падот, а пациент немало, бидејќи екипата била на констатација на смрт“, посочија тогаш од ЦУК.

Првично од ЦУК соопштија дека во лифтот е заглавена екипа на Итната помош заедно со пациент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ