петок, 21 февруари 2025

Тројца кавадарчани ќе одговараат за шверц на дрога и незаконско чување оружје и муниција

СВР Велес во два засебни случаи поднесе кривични пријави против тројца кавадарчани за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори и незаконско чување оружје и муниција.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај на 5 октомври 2024 година полициски службеници извршиле преглед над патничко возило пежо со кавадаречки регистарски ознаки, во кое се превезувал пријавениот Л.К., при што кај него пронашле и одзеле кокаин.

Во вториот случај СВР Велес поднесе кривична пријава против З.П. и Б.П., двајцата од Кавадарци.

„На 18 март 2024 година во село Сирково, општина Росоман, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе куршуми различен калибар, дозери за барут, барут, повеќе пакувања со сачми, иницијални каписли за ловечка муниција и ловечки патрони“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ