сабота, 19 октомври 2024

Трил-дабл на Јокиќ, но пораз на Денвер, Дончиќ го предводеше Далас до победа против Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ постигна 30 поени, имаше 13 скокови и 12 асистенции, но тоа не беше доволно за победа на Денвер. Орландо со пресврт во послендата четвртина дојде до победата.

Најдобар во составот на Орландо беше Вагнер кој постигна 27 поени.

Далас во последната четвртина постигна само 13 поени против Лејкерс, но имаше огромна предност која на крајот сепак успеа да ја задржи и да го добие мечот со 104-101.

Лука Дончиќ беше најдобар на теренот со 30 поени, имаше и 12 скокови и осум асистенции, одличен беше и Ирвинг со 28 поени. Во составот на Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 26 поени.

Резултати:

Шарлот – Вашингтон 117-114

Орландо – Денвер 124-119

Атланта – Бруклин 147-145

Бостон – Милвоки 119-116

Кливленд – Мајами 96-129

Индијана – Торонто 131-132

Хјустон – Мемфис 111-91

Минесота – Филаделфија 112-99

Њу Орлеанс – Сакраменто 117-112

Оклахома – Чикаго 116-102

Сан Антонио – ЛА Клиперс 102-109

Феникс – Голден стејт 123-115

Портланд – Јута 121-102

ЛА Лејкерс – Далас 101-104

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ