„Останатите три лека ќе пристигнат на клиниката на почетокот од февруари. Се довршуваат административните процедури за оние лекови што недостасуваат, со цел да ја обезбедиме соодветната терапија за пациентите, додава Стојковски во изјава за МИА.
Директорот рече дека од следната недела ќе располагаат со новите буџетски средства со што ќе се обезбеди терапијата за пациентите на клиниката до крајот на оваа година. Доколку има потреба од дополнителни финансии, тој додаде дека Фондот за здравствено осигурување ќе им излезе пресрет.
Претходно пациенти изјавија оти во моментов нема биолошка терапија на оваа клиника. Ги немало лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Тие тогаш кажаа дека стравуваат за брзо време да не ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.