петок, 21 февруари 2025

Три кривични пријави за узурпација и бесправно градење во Охрид, Тетово и Дебар

Во три засебни случаи полицијата во Охрид, Тетово и Дебар поднесе кривични пријави за узурпација на земјипте и бесправно градење.

 

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење.

„При извршен надзор на катастарска парцела во с.Љубаништа, охридско, било констатирано дека пријавениот не поседувал одобрение за градење за два објекти кои биле во изградба, при што било донесено решение за нивно отстранување“, соопшти МВР.

Во вториот случај, СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.У., О.С., Ш.И. и Х.Г., сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности.

„Во октомври 2022 година, на катастарска парцела на место викано Ракики во село Долно Јеловце, гостиварско, пријавените узурпирале државно земјиште под привремена заштита на Националниот парк Шар Планина, каде била поставена барака“, информираше тетовската полиција.

ОВР Дебар пак, поднесе кривична пријава проти Р.К. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.

„Во текот на 2024 година, тој на катарстарска парцела на улица Елена Ѓика во Дебар извршил доградба на деловен простор без одобрение за доградба, што е спротивно на Законот за градење“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ