понеделник, 21 октомври 2024

Три кривични пријави за потикнување и предизвикување општа опасност

СВР Скопје поднесе три кривични пријави против М.С. (20) од Скопје, поради постоење сомневање за сторени три кривични дела „предизвикување на општа опасност“, против Д.Т.(35) од Скопје, поради сомневање за сторено едно кривично дело „поттикнување“ и две кривични дела „помагање“ и против Б.Д. (37) од Скопје, поради постоење сомневање за сторени три кривични дела „соизвршителство“, во врска со кривичните дела „предизвикување на општа опасност“.

Објавено на

часот

Сподели

Лани на 29 ноември во Скопје, пријавените истуриле бензин на паркирано патничко возило „алфа ромео“, а додека возилото горело снимале со мобилен телефон. На 13 ноември 2023 во Скопје, второпријавениот му дал пиштол „застава“ калибар 9 мм на првопријавениот, со кој испукал пет куршуми кон влезната врата од станот на И.О.. Истото го повториле и на 28 ноември 2023 на бул. „АСНОМ“ во Скопје, кога второпријавениот му го дал пиштолот „застава“ калибар 9 мм на првопријавениот, од кој испукал неколку куршуми кон паркирано патничко возило „форд“ сопственост на Б.К., оштетувајќи го возилото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ