петок, 21 февруари 2025

Три автобуси експлодираа во Израел, полицијата се сомнева во терористички напад (ВИДЕО)

Полицијата во Израел ги истражува извештаите за експлозии кои се случиле во три автобуси во Бат Јам, јужно од Тел Авив, пренесува Би-би-си.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата го опиша инцидентот како „сомнителен терористички напад“, додавајќи дека „големи полициски сили се на терен, кои трагаат по осомничени“, објавија медиумите.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат најмалку еден автобус, наводно, запален на паркинг, а горе се издига голем облак чад.

Окружниот полициски командант на Тел Авив одржа прес-конференција на која изјави дека пет експлозиви пронајдени вечерва во автобуси низ градот, од кои три биле активирани и две деактивирани, се верува дека потекнуваат од Западниот Брег, во кои имало експлозиви, како и белешки на хебрејски и арапски.

Во оваа фаза нема извештаи за жртви, соопшти полицијата, пренесува Би-би-си.

Властите ја повикуваат јавноста да ги избегнува овие области и да внимава на сомнителни предмети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ