понеделник, 21 октомври 2024

Трамповиот ривал се повлече од изборите

Американскиот претседателски кандидат Рон Десантис, кој некогаш се сметаше за најдобрата опција на републиканците против Доналд Трамп, денеска се откажа од претседателската трка, што покажува дека поранешниот претседател сѐ уште има огромно влијание врз партијата. Десантис (45) го поддржа Трамп во видео објавено на социјалната мрежа Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Десантис се сметаше за еден од водечките кандидати за републиканската номинација во 2024 година и природен наследник на Трамп поради неговиот борбен стил и длабоко конзервативни ставови. Во почетокот на 2023 година тој водеше пред Трамп во неколку анкети. Но поддршката за гувернерот на Флорида веќе неколку месеци е во опаѓање поради погрешните чекори во стратегијата на кампањата, неможноста да се поврзе со гласачите и контролата на Трамп врз поголем дел од партиската база.

Крајот на кандидатурата на Десантис значи дека поранешната американска амбасадорка во ОН Ники Хејли сега е последната републиканка во трката што има шанса, иако мала, да ја грабне номинацијата од Трамп. Победникот на републиканските прелиминарни избори ќе се соочи со Џо Бајден, најверојатниот демократски кандидат, на изборите во ноември.

Повеќе од 70 отсто од републиканците го претпочитаат Трамп, според повеќето анкети. Тоа го доведе Десантис во позиција да мора да им се допадне на гласачите што му се восхитуваат на Трамп, како и на оние што страсно го мразат. Десантис не успеа во ниту едно.

Тој никогаш не ги импресионираше повеќето поддржувачи на Трамп бидејќи поранешниот претседател е подобра опција, додека републиканците што не сакаат да гласаат за поранешниот претседател ќе ги поделат своите гласови на повеќе различни кандидати.

Како што борбата се консолидира, Хејли се појавува како фаворит меѓу умерените републиканци. Секогаш кога Десантис изразуваше поинаков политички став од Трамп, речиси секогаш се заземаше за поконзервативна позиција. Во април, тој потпиша забрана за абортус по шест недели, што на крај го прифати во кампањата, и покрај тоа што одлуката им пречи на некои донатори и на умерените републиканци.

Како што одминуваше времето, само Ники Хејли напредуваше во анкетите заедно со Трамп, а Десантис почна да ја губи поддршката од републиканците. Според анкетите објавени оваа недела, Трамп имал поддршка од 50% од републиканските гласачи во Њу Хемпшир, каде што се одржува следниот круг на предизборите, Хејли 34%, а Десантис го поддржаа само 5%.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ