петок, 28 февруари 2025

Трамп: во Украина ќе копаме, копаме, копаме

Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер се сретнаа во Белата куќа, каде разговараа за клучните прашања, вклучувајќи ги безбедноста, трговијата и ситуацијата во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стармер му се заблагодари на Трамп на гостопримството, истакнувајќи дека посетата била „многу добра и продуктивна“. Британскиот премиер ги истакна шкотските корени на Трамп, нарекувајќи го „вистински пријател во Овалната канцеларија“.

Трамп, од друга страна, ја пофали Британија за најавата за зголемување на военото трошење на 2,5 отсто од бруто националниот доход до 2027 година. „По годините недоволно функционирање, сега е време да го надоместиме заостанувањето“, изјави Трамп.

За време на својот говор Трамп зборуваше и за идниот договор на Вашингтон и Киев кој вклучува искористување на украинските минерални ресурси. Претседателот најави дека Соединетите Американски Држави ќе „копаат, копаат, копаат“, што го означи како клучен елемент на идната соработка на двете земји.

Договорот, како што кажа, ќе има поволен ефект на американската воена помош на Украина, која ја нарече „достоен чекор“ во одбраната на Украина.

Кажа и дека договорот на САД и Украина за споделување на минералните ресурси ќе создаде темели за „поодржлив иден однос“ меѓу двете земји. „Тоа ќе стимулира долгорочен просперитет и помош за Украина во обновата“, додаде Трамп, истакнувајќи ја лошата состојба на украинската инфраструктура.

Во текот на својот говор Трамп истакна дека на неговата влада ѝ успеало да оствари „повеќе напредок за еден месец отколку таа на Бајден за целиот мандат“. Истакна дека неговиот пристап е „здравиот разум“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ