петок, 21 март 2025

Ова може да е најголемиот бран на кој некогаш се сурфало (ВИДЕО)

Сурферот Ало Слебир (24) сурфал на огромен бран за кој се проценува дека е висок 33 метри – висина на една десеткатница.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Тоа се случило непосредно пред Божиќ во водите на сурферската локација со големи бранови позната како Маверикс во Северна Калифорнија. Ало ги гледал податоците од пловците оддалечени стотици километри во Тихи Океан, кои можеле да ја предвидат височината на брановите неколку дена пред тие да удрат во западниот брег – и бил подготвен и чекал кога тие на крај, според предвиденото, дошле.

Легендарниот сурфер Џеф Кларк – кој поминал 50 години во друштво со брановите во Маверикс и еднаш бил прогласен за еден од најдобрите светски јавачи на големи бранови – тој ден бил во вода и бил запрепастен од она што го видел.

Фото: принтскрин

Другар со глисер го довлекал Ало зад „џиновскиот воден ѕид“, па тој го јавнал чудовишниот бран и се фатил како јури по неговото речиси вертикално лице, патувајќи побрзо од кога било претходно во животот.

Еве го видеото од потенцијалното рекордно сурфање:

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ