петок, 21 февруари 2025

Трамп: Третата светска војна не е толку далеку, но јас ќе ја спречам

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека третата светска војна „не е толку далеку“, но е уверен дека неговото претседателствување ќе спречи таа да се случи. Тој предупреди на растечките конфликти на Блискиот Исток и Украина и ја истакна важноста од брза акција за да се спречи ескалација на глобалните конфликти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Низ целиот свет дејствувам брзо за да ги прекинам војните, да ги решам конфликтите и да го вратам мирот на планетата, сакам мир и не сакам да гледам како луѓе се убиваат“, рече Трамп.

Зборувајќи за војната во Украина и за ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп изјави: „Погледнете ги сите умирања на Блискиот Исток и војната што се случува меѓу Русија и Украина. Ние тоа ќе го прекинеме. Нема никаква корист од трета светска војна, а не сме толку далеку од неа. Да ја имавме владата на претседателот Џо Бајден уште една година, ќе бевме во трета светска војна, а сега за време на мојот мандат тоа нема да се случи.“

Трамп ѝ се заблагодари на Саудиска Арабија, која го поддржа самитот одржан во вторникот, за организирањето на разговорите меѓу САД и Русија, нарекувајќи ги „голем чекор“.

Сепак, тој ја повтори својата критика кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого го опиша како „скромно успешен комичар“ и „диктатор без избори“ – наративи што често ги користи руската пропаганда за Зеленски.

Трамп и Зеленски претходно се судрија на социјалните мрежи, откако Зеленски рече дека „Трамп живее во простор на дезинформации“ и „му помага на Путин да излезе од изолацијата“.

„Ја сакам Украина, но Зеленски направи ужасна работа – неговата земја е разорена, а милиони и милиони луѓе загинаа без потреба – и не можете да ѝ ставите крај на војната ако не разговарате со двете страни“, рече Трамп, бранејќи ја својата одлука да не ја вклучи Украина во разговорите што се одржуваат во Саудиска Арабија.

„Се надеваме на брз прекин на огнот и враќање на стабилноста во Европа и на Блискиот Исток“, заклучи американскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ