вторник, 22 октомври 2024

Трамп со републиканците во Капитол Хил за прв пат по немирите пред три години

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговараше со републиканците во Капитол Хил, за првпат откако неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот во јануари 2021 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во Претставничкиот дом и Сенатот, Трамп вчера разговараше со републиканците кои ја поддржуваат неговата претседателска кандидатура и покрај постапките што се водат против него и неодамнешната пресуда.

На приватен собир спроти Капитол, републиканците однапред му посакаа среќен роденден на поранешниот претседател, кој денеска полни 79 години.

Членовите на Конгресот на Трамп му подарија торта со американското знаме и броевите 45 и 47, алудирајќи на мандатот на Трамп и на фактот дека тој може да стане 47-ми американски претседател.

„Има големо единство во Републиканската партија“, рече Трамп.

Поранешниот претседател разговараше со републиканците за евентуален нов мандат, како и за други прашања, од Русија до имиграција и даночни прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ