среда, 5 февруари 2025

Трамп сака да го сведе иранскиот извоз на нафта на нула

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека е спремен да се сретне со својот ирански колега за да се обиде да го убеди Иран да се откаже од она што Вашингтон го смета за развивање нуклеарно оружје од страна на Техеран, а во меѓувреме ќе ја обнови кампањата на максимален притисок на Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кампањата на максимален притисок врз Иран вклучува напори иранскиот извоз на нафта да е сведе на нула за да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Трамп кажа дека Иран е преблиску до поседување нуклеарно оружје и дека Соединетите Држави „имаат право да ја блокираат продажбата на иранска нафта на други држави“.

Пред состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп потпиша претседателски меморандум со кој повторно се наметнува остра политика на Вашингтон кон Техеран, која се практикуваше за време на неговиот прв мандат.

Трамп го обвини поранешниот претседател Џо Бајден дека не ги спроведувал ригорозно санкциите за извоз на нафта, за што тврди дека го охрабрило Техеран да продава нафта за финансирање на програмата за нуклеарно оружје и вооружените милиции на Блискиот Исток.

„Иран драматично го забрзува збогатување на ураниум до 60 отсто чистота и е блиску до нивото од околу 90 отсто за оружје“, кажа за Ројтерс во декември шефот на нуклеарниот набљудувач на ОН. Иран негира дека работи на развој на нуклеарно оружје.

„Администрацијата на Трамп ќе настојува да го сведе иранскиот извоз на нафта на нула“, кажа американски функционер.

Иранската мисија во Обединетите нации засега не одговорила на барањата за коментар.

Извозот на нафта на Техеран му донел 53 милијарди долари во 2023 и 54 милијарди долари претходната година, според податоците на американската Управа за енергетски информации. Производството во 2024 било на највисоко ниво од 2018, врз основа на податоците на ОПЕК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ