среда, 5 февруари 2025

Трамп повторно ја провоцира Канада: Тие се сојузна држава на Соединетите Држави

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп одлучи повторно да го провоцира канадскиот премиер Џастин Трудо со објава на својата социјална мрежа Трут соушал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Осврнувајќи се на неговата неодамнешна провокација дека Канада треба да стане 51-ва држава на САД, Трамп го нарече Трудо „гувернер на величествената нација Канада“.

„Бев почестен што пред неколку дена вечерав со гувернерот на големата нација Канада, Џастин Трудо. Возбуден сум што повторно ќе седнам со гувернерот да продолжиме да разговараме за тарифите и трговијата. Исходот на тие разговори ќе биде спектакуларен“, најави Трамп.

Трамп и Трудо немаа особено добри односи за време на првиот мандат на новоизбраниот американски претседател.

Трамп често го нарекуваше Трудо „лудак“ и „радикален левичар“, додека канадскиот премиер повеќе пати го нарече американскиот лидер „закана за демократијата“.

За време на нивната вечера пред неколку дена во вилата на Трамп Мар-а-Лаго на Флорида, Трамп отворено сугерирал дека Канада треба да стане американска сојузна држава.

„Им даваме 300 милијарди долари годишно, зошто да не станат сојузни држави?“, кажа Трамп, мислејќи на трговскиот дефицит на САД со Канада и Мексико. Како решение за оваа ситуација Трамп предложи воведување царини од 25 отсто на робата увезена во САД од овие две земји, на што лидерите на двете земји бурно реагираа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ