среда, 5 февруари 2025

Трамп порача дека САД нема да се мешаат во Сирија: „Тоа не е наша борба“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денес дека Соединетите Американски Држави не би требало да се мешаат во ситуацијата во Сирија, во момент кога џихадистичките сили почнаа да го опколуваат главниот град Дамаск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сирија е во хаос, но не е наш пријател, и САД не би требало да имаат ништо со тоа. Ова не е наша борба. Да ја оставиме ситуацијата да се развива. Нема да се мешаме“, порача идниот американски претседател на својата социјална мрежа Трт соушал.

Трамп престојува во главниот град на Франција каде вечерва е свеченото отворање на обновената катедрала Нотр Дам, чиј дел изгоре во голем пожар во 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ