вторник, 11 февруари 2025

Америка почна да испраќа мигранти во Гвантанамо (ФОТО)

Првиот американски воен авион со притворени мигранти полета денес кон базата Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира потенцијално да смести десетици илјади мигранти во поморската база во Куба.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Трамп рече дека сака Пентагон и Министерството за домашна безбедност да го прошират притворот за мигранти во базата за да може да прими повеќе од 30.000 мигранти. Портпаролката на американското Министерство за домашна безбедност, Триша Меклафлин, изјави дека во воениот лет за Гвантанамо имало девет до десет мигранти.

Меклафлин ги нарече „многу опасни криминалци“, но одби да даде дополнителни детали. Со воени летови веќе се депортирани мигранти во Гватемала, Перу, Хондурас и Индија.

Трамп се повеќе се потпира на војската за да ја спроведе својата имиграциска политика, вклучително и испраќање дополнителни војници на границата, користење воени авиони за транспорт на мигранти надвор од САД и отворање воени бази за нивно сместување.

Шефот на американското Министерство за домашна безбедност во неделата одби да одговори на прашањето дали жените, децата или семејствата на мигрантите ќе бидат сместени во притворниот центар во базата Гвантанамо. Секретарката на министерството Кристи Ноем рече дека не планираат да ги задржуваат мигрантите на неограничено време и дека администрацијата ќе ги почитува американските закони.

Во базата веќе се наоѓа притвор за мигранти, одвоен од американскиот затвор со висок степен на безбедност за странски осомничени за тероризам, кој со децении се користи повремено. Двајцата демократски претходници на Трамп, Барак Обама и Џо Бајден, најавија затворање на Гвантанамо, но само го намалија бројот на затвореници, додека Трамп вети дека ќе го остави отворен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ