среда, 5 февруари 2025

Трамп: Оставив инструкции во случај Иран да ме убие. Ќе бидат избришани од лицето на земјата (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека им наредил на своите советници да го уништат Иран во случај на атентат врз него.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако го сторат тоа, ќе бидат уништени“, им рече Трамп на новинарите додека потпишуваше извршна наредба со која ѝ се наредува на американската влада да наметне максимален притисок врз Техеран. „Оставив инструкции – ако го направат тоа, ќе бидат уништени, нема да остане ништо“, додаде тој.

Во случај на смрт на Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс ќе ја преземе претседателската функција, но не мора да биде обврзан да ги следи упатствата што ги остави неговиот претходник, наведе АП.

Американските федерални власти со години ги следат иранските закани кон Трамп и другите функционери во неговата администрација. Во 2020 година, Трамп нареди атентат на Касем Сулејмани, командант на силите Кудс на Иранската револуционерна гарда.

Иранската закана за Трамп доведе до засилени безбедносни мерки во деновите пред неговиот предизборен митинг во Пенсилванија во јули, каде што беше погоден со куршум во увото, според американски официјални лица. Меѓутоа, тогаш властите рекоа дека не веруваат дека Иран е поврзан со тој атентат.

Американското Министерство за правда во ноември објави дека е спречен ирански план за атентат на Трамп пред претседателските избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ