Европските лидери разговараа за испраќање мировници како безбедносна гаранција во случај да се постигне мировен договор.
„Би било добро да има војници таму, не би се спротивставил на тоа“, им рече Трамп на новинарите во својата резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич, во својата прва изјава откако делегациите на САД и Русија започнаа дијалог за Украина во Ријад во вторникот.
„Русија сака да направи нешто“, рече американскиот претседател, истакнувајќи дека Украина можела да постигне договор пред многу години.
Тој ја отфрли загриженоста на Украинците дека биле исклучени од состанокот, додавајќи дека требало да започнат разговори многу порано.
„Денес слушнав „ох, не бевме поканети“. Па, бевте тука три години, требаше да го завршите тоа… никогаш не требаше ни да го започнете. Требаше да постигнете договор“, рече Трамп.
Тој го обвини и поранешниот претседател Џо Бајден за неговата политика кон Украина. „Мислам дека можам да ја завршам оваа војна“, истакна Трамп.