среда, 23 октомври 2024

Трамп: Најверојатно ќе учествувам во дебата со Харис, но имам причини и да не го направам тоа

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека најверојатно ќе учествува во дебата со најверојатната кандидатка на демократите Камала Харис, но остави и можност да не го стори тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Одговорот е да, веројатно ќе учествувам во дебата, но можам да изнесам аргументи и да не го направам тоа“, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесува порталот Хил.

Како аргументи за да не учествува во дебатата тој изјави дека води во анкетите, иако, како што пишува порталот, истражувањата покажуваат тесна трка меѓу Трамп и Камала Харис.

Трамп рече ѝ дека јавноста ги знае позициите на двајцата кандидати за сите прашања.

Трамп и тогаш најверојатниот кандидат на демократите, актуелниот претседател Џо Бајден, договорија две дебати, од кои едната се одржа на 27 јуни, а втората треба да се одржи на 10 септември.

Домаќин би требало да биде Еј-би-си њуз.

Бајден се повлече од претседателската трка на почетокот на месецот, а Харис обезбеди поддршка од доволно делегати за да биде кандидат на демократите.

Конвенцијата на демократите на која ќе биде објавен официјалниот кандидат на партијата ќе се одржи од 19 до 22 август во Чикаго.

Харис претходно изјави дека е отворена за дебата со Трамп, а тој прво рече дека „апсолутно“ ќе учествува на барем една дебата со Камала Харис пред изборите.

Меѓутоа, неговата кампања подоцна рече дека тој нема да се согласи на дебата со Харис „додека демократите официјално не одлучат за својот кандидат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ