Трамп тоа го кажа во интервју за американскиот конзервативен политички аналитичар Хју Хјуит.
Навестувајќи дека Вашингтон „знаел дека ќе се случи нападот во Москва“, Хјуит го праша Трамп дали лично би му се јавил на Путин да го предупреди, бидејќи изразил сомнеж дека актуелниот претседател Џо Бајден го направил тоа.
„Јас би му се јавил. Јас би го информирал за тоа“, одговорил Трамп.
Во терористичкиот напад на 22 март беа убиени најмалку 144 лица, од кои шест деца, а над 500 луѓе беа повредени. Тоа беше најсмртоносниот терористички напад на руско тло од раните 2000-ти.