петок, 18 октомври 2024

Трамп кажа дека Русите ги поразиле Наполеон и Хитлер, Кремљ го поздрави неговиот коментар

Кремљ денес ги поздрави коментарите на Доналд Трамп за Русија како „воена машина“ која ги поразила Наполеон и Хитлер, но исто така додаде дека не гледа низ розови очила кога станува збор за републиканскиот кандидат за американски претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одговараше на прашања за изјавите на Трамп во неговиот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски на 19 јули. Трамп подоцна за Фокс њуз потврди дека на Зеленски му кажал дека конфликтот треба да се прекине.

„Се соочувате со воена машина. Тоа е она што Русите го прават, се борат во војни. Го победија Хитлер, го победија Наполеон. Мораме таа војна да ја приведеме кон крај“, кажал Трамп во разговорот.

Коментирајќи ги забелешките на Трамп, Песков кажа дека „веројатно ќе биде корисно за повеќето Американци да знаат и за бројните величествени страници во историјата на Русија“ бидејќи многу малку од нив добро ја познаваат историјата.

Но, исто така кажа дека Кремљ нема никакви илузии за тоа што би значела победа на Трамп на претседателските избори за Русија, реферирајќи на коментарот на Мајк Помпео, поранешниот шеф на дипломатијата во владата на Трамп, во Волстрит џурнал кој наведува на заклучок дека стариот шеф на белата куќа, ако биде повторно избран, би ѝ вовел нови, поостри санкции на Москва и би ја засилил помошта за Украина.

„Никогаш не сме гледале ниту сега гледаме низ розови очила. Трамп е претставник на американската политичка елита која сега апсолутно пати од антируски чувства. Кога беше претседател, Американците ја почнаа трката во санкции, под Трамп на нашата земја ѝ воведоа бројни санкции и, што се однесува до тоа, не е многу поинаков од другите“, кажа Песков.

На крајот, меѓутоа, кажа дека Трамп „можеби покажува малку повеќе политичка мудрост ако зборуваме за одржување канали за дијалог“. „Но тоа фактички нема некое особено влијание на ништо и мораме да бидеме свесни за тоа“, заклучи Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ