среда, 5 февруари 2025

Трамп ја замрзна помошта за УНХЦР

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) ги повика денес донаторите да побрзаат со планираните уплати откако американската влада ставила стотици милиони донации на чекање како дел од својата политика за замрзнување на надворешната помош, потврди шефот на таа организација за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци, кажа дека побарал од членките на Европската Унија и други земји со флексибилни структури на помош да ги забрзаат своите придонеси за да ги ублажат ефектите на американското замрзнување. „Ние се бавиме со ситуации кои спасуваат животи, во кои не можеме да имаме подолги прекини на помошта“, кажа тој во Брисел.

Набрзо откако ја презема власта на 20 јануари, претседателот Доналд Трамп нареди сеопфатна ревизија на речиси целата надворешна помош на САД за да обезбеди дека е усогласена со неговата политика „Америка на прво место“.

Американскиот Стејт департмент тогаш издаде налог за прекин на работата за целата постоечка надворешна помош и ја паузираше сета евентуална нова помош. Соединетите Американски Држави се далеку најголем донатор на агенцијата за бегалци УНХЦР, која им помага на милиони луѓе низ светот кои бегаат од конфликти и прогон.

Минатата година САД на УНХЦР ѝ донирале повеќе од 2 милијарди долари, што е околу 40 отсто од вкупниот износ кој го примила агенцијата. По првичната одлука на САД, државниот секретар Марко Рубио издаде понатамошни наредби кои дозволуваат изземање од замрзнувањето на помошта за спасување животи и итна помош во храна, што Гранди го гледа како позитивен знак.

„Примивме писма за изземање за некои земји и некои активности. Сега се обидуваме да сфатиме како тие изземања ќе ослободат средства. Мислиме дека е во интерес на САД да бидат силна хуманитарна сила. Ова е важно не само за луѓето кои од тоа имаат корист, туку и во смисла на авторитетот, безбедноста и имиџот на САД низ светот“, порача Гранди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ