понеделник, 21 октомври 2024

Трамп ја одби поканата на Зеленски да го посети Киев: Би било неприкладно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Украина за лично да се увери во размерите на војната, но Трамп го одби.

Објавено на

часот

Сподели

„Исклучително го почитувам претседателот Зеленски, но мислам дека би било неприкладно да отидам во Украина во овој момент. Тој сега соработува со администрацијата на (американскиот претседател Џо) Бајден и не би сакал да предизвикувам конфликт на интереси“, порача Трамп.

Повикот на Зеленски беше реакција на тврдењето на Трамп дека би можел да го реши руско-украинскиот конфликт „за 24 часа“. Зеленски порача дека ќе му бидат потребни „само 24 минути“ за да му докаже на Трамп дека тоа не е возможно. Тој истакна дека Бајден бил во Украина и дека „разбрал некои детали кои може да се разберат само ако сте таму“.

„Затоа го поканувам претседателот Трамп. Ако може да дојде тука, ќе ми бидат потребни 24 минути, да, 24 минути, не повеќе. Дваесет и четири минути за да му објаснам на претседателот Трамп дека не може да ја контролира оваа војна“, кажа Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ