вторник, 8 октомври 2024

Трамп: Има многу лоши гени меѓу мигрантите во САД

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека во Соединетите Американски Држави (САД) има „многу лоши гени“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој го кажа ова на митинг, додека зборуваше за убиствата наводно извршени од мигранти кои нелегално живеат во САД.

„Многу од нив убиле многу повеќе од едно лице, а сега живеат среќно во САД. Тоа им е во гените. А ние во моментов имаме многу лоши гени во нашата земја“, рече тој.

Трамп се осврна на писмото од имиграциските и царинските служби до републиканскиот претставник Тони Гонзалес, објавено минатиот месец, во кое се покажа дека 13.099 лица осудени за убиство се на списокот на американската агенција за миграција (ИЦЕ).

Тој список вклучува различни видови имигранти кои влегле во земјата легално и нелегално, а многу луѓе од оваа категорија не се во притвор на имиграциските власти бидејќи се наоѓаат во државни или федерални затвори, пишува Ројтерс.

Во соопштение, кампањата на Трамп ги бранеше коментарите на поранешниот претседател, велејќи дека тој зборува само за убијци, а не за мигранти.

„Претседателот Трамп јасно мислеше на убијци, а не на мигранти. Прилично е одвратно што медиумите секогаш толку брзо ги бранат убијците, силувачите и нелегалните криминалци, ако тоа значи да напишат лош наслов за претседателот Трамп“, рече портпаролката на кампањата на Трамп, Каролин Ливит.

Белата куќа ги осуди изјавите на Трамп.

„Таков вид на јазик е омраза, одвратен е, несоодветен и нема место во нашата земја“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Иако има малку податоци за имиграцискиот статус на криминалците, академските истражувачи тврдат дека имигрантите кои нелегално живеат во земјата не вршат злосторства почесто од Американците родени во САД или натурализираните Американци, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ