среда, 5 февруари 2025

Трамп го нарече Бајден најлошиот претседател во историјата на Америка

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Џо Бајден е „најлошиот претседател во историјата на Америка“ и ја критикуваше политиката на администрацијата во заминување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Џо Бајден е најлошиот претседател во историјата на Америка, целосна и тотална катастрофа“, напиша Трамп на социјалната мрежа, додавајќи дека постапките на Бајден, како и неговите „насилници што се мешаат во изборите“, нема да бидат заборавени.

Тој посебно се осврна на граничната политика на Бајден, тврдејќи дека тоа довело до зголемени безбедносни закани.

„Нашата земја е катастрофа, за потсмев во целиот свет! Тоа се случува кога имате отворени граници“, напиша Трамп.

Трамп, кој е познат по тоа што ги фаворизира високите увозни царини, повика и на промени во економската политика, најавувајќи враќање на приходите засновани на царини.

„Тарифите и царините го создадоа ова огромно богатство за нашата земја. Да ја направиме Америка повторно богата“, напиша тој.

Предупредувајќи на, како што рече, „насилната ерозија на безбедноста, националната безбедност и демократијата“, Трамп вети дека ќе ги реши овие прашања по преземањето на функцијата на 20 јануари.

„Само силата и моќното лидерство ќе го сопрат тоа. Се гледаме на 20 јануари“, напиша Трамп, мислејќи на датумот на претседателската инаугурација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ