„Се сложивме веднаш да ги паузираме предвидените царини на период од еден месец, во текот на кој ќе имаме преговори кои ќе ги водат државниот секретар Марко Рубио, министерот за финансии Скот Бесент и министерот за трговија Хауард Лутник и претставници на Мексико на високо ниво“, напиша Трамп.
Претходно на 2 февруари Трамп објави дека Соединетите Американски Држави од 4 февруари ќе воведат царини на робата од Мексико, Канада и Кина, како три најголеми американски трговски партнери.
По одлуката за пауза на царините, мексиканската претседателка Каудија Шејнбаум на конференција за медиумите кажа дека на царините на Трамп за Мексико се спротивставиле и некои американски компании.
„Многу од нив порачаа дека тоа не е примерно. Сето тоа помогна да дојдеме до договорот до кој дојдовме денес“, кажа Шејнбаум.
Таа наведе дека паузата донела „извесност“ и дека е уверена дека следните состаноци ќе доведат до долгорочни резултати.
Таа сепак наведе дека Мексико го зачувува својот „план Б“, во случај царините сепак да дојдат.
Мексиканската претседателка веднаш нареди контрацарини кога беше објавена одлуката на Трамп за воведување царини од 25 отсто.
„Му наложив на министерот за економија да го спроведе „планот Б“, кој вклучува тарифни и нецарински мерки за заштита на интересите на Мексико“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.