понеделник, 21 октомври 2024

Трамп 2023: Кога бев претседател, спречив нуклеарен холокауст (ВИДЕО)

На нова снимка од сведочењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од април 2023 година, која ја објави Си-би-ес њуз, Трамп тврди дека како претседател спречил нуклеарен холокауст и спасил милиони животи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Транскриптот од исказот претходно беше објавен како доказ во случајот за граѓанска измама на Трамп во Њујорк. Трамп на судењето на 6 ноември рекол дека бил премногу „зафатен во Белата куќа“ за да се грижи за своите работи. „Се занимавав со Кина, Русија и безбедноста на нашата земја“, рече тој, нагласувајќи ја поентата што ја кажа претходно во април.

Имено, во пролетта 2023 година, во мала конференциска сала, пред државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, Трамп објаснил зошто не се занимавал многу со својата деловна ситуација.

„Бев многу зафатен. Сметав дека ова е најважната работа на светот – спасување милиони животи. Мислам дека ќе имавте нуклеарен холокауст ако јас не се занимавав со Северна Кореја. Да не ме изберевте мене, ќе имавте нуклеарна војна. Искрено, можеби тоа е она што нѐ чека сега“, рече Трамп во април 2023 година.

Кевин Валас, адвокат од канцеларијата на јавната обвинителка, рекол дека нема намера да ги потроши своите седум часа на нуклеарна војна и го прашал Трамп дали се појавиле деловни проблеми за време на неговото претседателствување.

„Не можам да се сетам на ништо“, рекол Трамп.

Поранешниот американски претседател, неговите двајца синови и семејната компанија беа прогласени за виновни за измама, односно за измислување процени и надувување на нето-вредноста на Трамп според нивните деловни потреби.

Пресудата беше донесена пред случајот да оди на судење за да се решат други обвиненија, вклучително и фалсификување деловни книги, заговор и измама во осигурувањето. Обвинителството бара отштета и санкции од 370 милиони долари, вклучително и доживотна забрана на Трамп да работи со недвижнини во Њујорк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ