Јувентус му даде пет милиони евра попус на Тотнем, опцијата за откуп беше 35 милиони евра, но им го дадоа за 30.
„Со задоволство можеме да соопштиме дека перманентно потпишавме со Дејан Кулушевски од Јувентус“, соопшти Тотнем.
Фудбалерот со македонско потекло помина 18 месеци на позајмица во Тотнем, а сега стави потпис на договор до 2028 година.