четврток, 23 јануари 2025

ТМРО: Индикативно е што Кривичниот суд седум години водел нарачана политичка пресметка за настаните од 27 април

ТМРО ја поздравува одлуката на Кривичниот суд Скопје со која амнестијата дадена за настаните од 27 април 2017 година важи и се прекинува постапката против обвинетите за организација на настаните, се наведува во денешното партиско соопштение на оваа партија.

Објавено на

часот

Сподели

За ТМРО е индикативно и што Кривичниот суд „цели седум години очигледно водел нарачана политичка пресметка и сега нарачателите на прогонот со име и презиме како и судечките судии и обвинители мора да бидат кривично санкционирани за изживувањето што го вршеле изминатите години“.

„Само еден ден после амнестијата на новиот претседател на САД за настаните од упадот во Белата куќа 2020 со која ги амнестираше сите инволвирани, Кривичниот суд во Скопје донесе решение со кое важела амнестијата на тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов од 2017 година и на истиот состав од Кривичен суд му требале дури седум години за да донесе таква одлука. Очигледно македонското правосудство е длабоко политизирано и криминализирано без никаква доверба па актуелната Влада приоритетно мора да направи целосен ремонт со разрешување на комплетното политизираното судство и обвинителство, со носење нов закон за укинување на Академијата за судии и обвинители која се покажа како генератор на ниската доверба во судството и обвинителството и избор на соодветни кадри од редот на истакнати правници со определен мандат за судии и обвинители, како што било до 1997 година“, вели Ванчо Шехтански претседател на ТМРО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ