„Бараме сала за јавно збогување со Алексеј“, објави неговата портпаролка Кира Џармиш на социјалната мрежа Икс. Планираниот датум е крајот на оваа работна недела, додаде таа.
Навални почина на 16 февруари во затвор во сибирскиот арктички регион Јамал, објавија руските власти. Околностите за неговата смрт сѐ уште не се јасни.
Водечки критичар на режимот на Путин, премален од честите самици во ќелија на отворено, на температури и до минус 27 степени, колабирал во затворскиот двор и починал и покрај обидите да го оживеат.
Според неговиот тим, во изводот на смртта стои дека Навални починал од природна смрт.
Неговата мајка Људмила ги обвинува руските власти дека се обиделе да ја притиснат да го закопа тајно, што таа го одбила.
Таа повикува на јавна комеморација и погреб за да можат неговите поддржувачи да му оддадат последна почит.