петок, 25 октомври 2024

Тежок пораз на Наполи во Торино (ВИДЕО)

Наполи продолжува да тоне, денеска со убедливи 3-0 беа поразени на гостувањето кај Торино, Лацио со 2-1 беше поуспешен од Удинезе на негов терен.

Објавено на

часот

Сподели

По поразот од Рома и ремито со Монца, Наполи денеска загуби од Торино и тоа убедливо.

Торино поведе во финишот од првото полувреме со гол на Санабрија.

Работите за Наполи станаа уште полоши по пет минути игра во вториот дел кога Мацоки заработи црвен картон и го остави својот тим со фудбалер помалку.

Две минути подоцна тоа го искористи Торино и со гол на Влашиќ зголеми на 2-0, во 66. минута Бонџорно ги постави конечните 3-0.

Лацио со 2-1 го победи Удинезе на негов терен и освои три важни бодови.

Пелегрини погоди во 12. минута за водство на римскиот клуб од 1-0. Со тој резултат се замина на одморот.

Во 59. минута Валас изедначи на 1-1, но Весино во 76. минута ја врати предноста на Лацио, овојпат од 2-1 што беше и конечен резултат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ