„Во судскиот регистар на политички партии под РПП.бр.1/24 што се води во Основен суд Тетово се запишува промена на претседателот. Во иднина за претседател на партијата се именува Зијадин Села, улица Ливада бр.1 од Струга наместо на досегашниот претседател на партијата Арбен Таравари улица Борче Јовановски бб“, се наведува во првиот дел од решението на Основниот суд Тетово.
Во вториот дел од решението се вели дека во судскиот регистар на политички партии што се води во Основниот суд во Тетово се запишуваат и неколку промени во статутот на партијата Алијанса за Албанците. И на ова решение Таравари има право на жалба до Апелацискиот суд Гостивар во рок од 15 дена.