сабота, 30 ноември 2024

Тетово формираше Совет за превениција од детско престапништво

Објавено на

часот

Сподели

Во овој совет има претставници од Секторот за внатрешни работи на Тетово, Центарот за социјална работа, главниот обвинител на Основното обвинителство Тетово, Советот на родители на основните и средните училишта, Унијата на средношколци, Адвокатска комора , Советот на општина Тетово, како и од други институции.

„Формирањето на Советот беше законска обврска на општината и затоа ја покренавме оваа иницијатива, која денеска има резултат. Ова е голем чекор за општината за формирање на овој совет. Мислам дека со овој состав ќе имаме продуктивна работа и можам да констатирам дека истиот совет ќе биде продуктивен во неговата работа со преземање на конкретни дејствија и активности со превентивен карактер“, изјави Блерта Ахмеди.

Совет за превенција од детско престапништво брои 17 членови кои имаат мандат од пет години со право на реизбор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ