Како што е пријавено, на 25 септември 2024 година примил покана за судска расправа, каде дознал дека осигурителна компанија поднела тужба против него и две лица од селата Пирок и Копанце за наводно сторени кривични дела измама и фалсификување исправа, односно дека осигурителната компанија пуштила 350.000 денари на негово име за претрпена штета при сообраќајна несреќа, во која наводно бил учесник, а подоцна бил прогласен за виновен и требало да ги врати парите, кои никогаш не ги подигнал.
Сепак, според пријавителот на измамата, тој никогаш не бил учесник во сообраќајна незгода, ниту пак бил повреден, така што смета дека целокупната документација која гласи на негово име била фалсификувана.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.