вторник, 16 јули 2024

Teшко повредени тројца моторџии

Во текот на вчерашниот ден тројца моторџии се повредени во одделни сообраќакни несреќи во Свети Николе, Арачиново и Скопје.

 

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во полициската станица Свети Николе, било пријавено дека на ул.„Септемвриска“се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од П.О. (23) и мотоцикл „шинера“, управуван од малолетничка. Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

На булеварот „Партизански одреди“ во  Скопје, С.А. (49) во Скопје, управувајќи мопед „веспа спринт“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата возачот добил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Б.С. (22) од село Арачиново бил тешко повреден откако вчера со мотор „кимко“ излетал од регионалниот пат Скопје-Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ