понеделник, 21 октомври 2024

Тешка несреќа во близина на Мелбурн, автомобил влета во хотел, загинаа три лица

Тешката несреќа се случила во Дејлсфорд, северозападно од австралискиот град Мелбурн. Автомобил удрил во паб лоциран во склоп на хотел, при што загинале три лица, а неколку се повредени, пишува Гардијан.

Објавено на

часот

Сподели

Локалната полиција за несреќата добила дојава во 18 часот по локално време. Несреќата се случила во хотелот Ројал Дејлсфорд, популарна туристичка дестинација.

Причината за несреќата не е позната, властите апелираат сите кои биле сведоци на настанот или имаат снимки од надзорните камери да се обратат до надлежните.

Полицијата ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа. Федералната министерка за инфраструктура, Кетрин Кинг, изрази сочувство до семејствата на жртвите на X, поранешен Твитер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ