Домаќините поведоа со голот на Фермин Лопез, но само пет минути подоцна, Тер Штеген се избламира при еден обид да си поигра со противникот, па Дуро изедначи на 1-1.
Валенсија успеа и да поведе, Пепелу во 38. минута од пенал донесе 1-2, но во последните мигови од првиот дел, голманот Мамардашвили заработи црвен картон и драстично им ја отежна задачата на гостите.
Роберт Левандовски на стартот од вториот дел изедначи на 2-2, потоа во 82. минута повторно со глава ја затресе противничката мрежа за 3-2, за во судиското надополнување убаво да погоди од слободен удар за хет-трик и конечни 4-2.