недела, 14 јули 2024
По повод десетгодишниот јубилеј

Тепих од цвеќе ги дочека планинарите од „Калин Камен“ кои денес се искачија на врвот Китка

Објавено на

часот

Сподели

„Ни беше големо задоволство да бидеме дел од акцијата за искачување на Китка по повод десеттиот роденден на нашите соработници и пријатели од клубот „Козјак“, а симболично искачувањето беше на истоимената планина Козјак. Со петнаесетчлена група во која учествуваше и нашиот највозрасен член, 76-годишниот Стојанче Костовски, бевме дел од вкупно стотина планинари од земјава и соседна Република Србија, што на овој роденденски ден се искачивме низ високата трева и прекрасните падини на Козјак украсени со планински цвеќиња“, рече Алена Милковска, претседателка на планинарско спортски клуб „Калин Камен“.

Милковска упати апел до помладите, но и останати што се љубители на планината, да се информираат за тековните активности на клубот и да планинарат, особено поради бројните психо-физички и здравствени придобивки од планинарењето.

„Бројни научни студии потврдуваат дека со пешачење низ шума се чистат умот, телото и душата, а науката откри дека пешачењето и планинарењето го менуваат мозокот на подобро. Чувството на смиреност и задоволство што ве придружуваат во времето поминато на отворено, пешачење во природа, ги редуцира стресот и негативните мисли“, додава Милковска.

Следната акција во организација на ЗПСК „Калин Камен“ е кон крајот на месецот, искачување на Шар Планина, Врв Лешница или Плат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ