Инцидентот се случи на две минути до крајот на мечот кога по еден прекршок од страна на кошаркар на ТФТ имаше реакција на клупата на чаирчани. Тензијата се прелеа и во публиката до степен да дојде и до тепачка.
Најдебелиот крај го извлече капитенот на ТФТ, Едис Нури кој беше нападнат од неколку навивачи на Чаир кои со боксови се пресметаа со кошаркарот. Инцидентот е пријавен во полиција.