петок, 25 октомври 2024

Тен Хаг: Многу сум добар кога го имам целиот тим на располагање

Манчестер јунајтед синоќа доживеа уште еден непријатен пораз откако загуби на гостувањето кај Нотингем форест, а Ерик тен Хаг во свој веќе препознатлив стил го прокоментира мечот.

Објавено на

часот

Сподели

ИНЕОС групацијата предводена од Џим Ратклиф купи 25 проценти од Манчестер јунајтед и тие ќе се прашуваат за многу работи поврзани со фудбалскиот дел од клубот.

Се пишуваше дека новите газди можат да направат промена на тренерската функција, но Тен Хаг смета дека тој ја има нивната поддршка бидејќи тие знаат колку е добар кога ги има сите фудбалери на располагање.

„Тие ме знаат мене и знаат дека кога ќе го имам целиот состав на располагање, резултатите ќе бидат тука“, вели Тен Хаг.

„Минатата сезона бевме одлични, оваа играме под очекувањата. Не сме константни. Можеме да ги победиме најдобрите тимови во лигата, но можеме да загубиме и од тимови како Нотингем“.

„Убеден сум дека ќе се поправиме и ќе бидеме далеку подобри кога ќе ни се вратат повредените играчи. Тешко е со толку изостаноци да се врзе континуитет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ