вторник, 22 октомври 2024
Убиени девет израелски војници

Телефонските и интернет-врските во Газа повторно се прекинати

Израелската армија денеска соопшти дека во борбите во Газа загинале девет војници, пренесува Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Палестинската телекомуникациска компанија Палтел денеска соопшти дека сите комуникациски и интернет-услуги во Појасот Газа се повторно целосно прекинати додека Израел ги продолжува своите воени операции против Хамас во енклавата.

Во соопштението на социјалните мрежи на платформата Икс, Палтел објави дека меѓународниот пристап е прекинат.

Врските претходно беа прекинати од петокот до рано наутро во неделата, кога израелските копнени сили влегоа во Појасот Газа во, како што рекоа, нова фаза од војната.

Обидите да им се телефонира на жителите на Газа утрово беа неуспешни, наведува АП.

Агенциите за хуманитарна помош предупредија дека ваквите прекини во комуникацијата сериозно ја нарушуваат нивната работа во и онака тешката ситуација во Газа.

Дописникот на Би-би-си од Газа, Ружди Абуалуф, потврди дека сите локални мобилни и интернет-услуги во енклавата исчезнале.

Некои во Газа се во опсегот на израелските кули за мобилни телефони и можат да се поврзат со надворешниот свет користејќи израелски или меѓународни СИМ-картички.

Палестинските новински куќи и Хамас на Телеграм, исто така, објавија дека комуникацијата со Газа е прекината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ