петок, 22 ноември 2024
Пред Врховниот суд за жалбата на Александар Ѓорчевски

Таткото на Вања: Само сакам разрешница па да одлучам дали останувам или не на овој свет

„Поделен сум на два света, едното дете ми го зедоа, другото ми е тука. Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, туку сакам само да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“, кажа Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, на денешната јавна седница пред Врховниот суд, а по жалбата што ја поднесе во врска со продолжениот притвор.

Објавено на

часот

Сподели

Неговиот адвокат Владиир Туфегчиќ во образложението зошто бара укинување на притворот за Ѓорчевски рече дека одлуката на Апелацискиот суд Скопје е во спротивност со Европската конвенција за човекови права.

„Скоро 4 месеци трае притворот, а нам не ни е дадена барем една индиција дека обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело“, рече адвокатот.

Надлежната обвинителка од државното Јавно обвинителство кажа дека Апелацискиот суд донел јасно и недвосмислено решение за продолжување на притворот.

„Истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа се уште постои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично делчо – грабнување. Притворениот може да влијае врз сведоците, затоа што нема гаранција дека иако тие се испрашани, нема подоцна да ги сменат изјавите пред судечкиот судија“, кажа обвинителката Наталија Тасевска.

Искра Оптеческа

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ