сабота, 25 мај 2024

Таткото на Вања оди во домашен притвор, одлучи Врховниот суд

Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, ќе излезе од Истражниот затвор Скопје во Шутка и мерката притвор наместо во затвор ќе ја издржува во домашни услови. Вака одлучи Врховниот суд откако Ѓорчевски утрово на јавна седница повторно побара притворот да му биде укинат. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд за мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховниот  суд ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Врховниот суд по денеска одржаната јавна седница одлучи да ја прифати жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за издржување на мерката притвор.

Ова значи дека Ѓорчевски ќе излезе од Истражниот затвор Скопје во Шутка и мерката притвор наместо во затвор ќе ја издржува во домашни услови.

„Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје од 2 април 2024 година го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост“, информираа од Врховниот суд.

Бранителот на осомничениот Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ, на седницата рече дека од последната одржана јавна седница до денеска, околностите воопшто не се променети.

„Затоа останувам при жалбените наводи дека решението со кое е продолжена мерката притвор е донесено без доволно образложенија во кои не се наведува ниту еден доказ со кој се докажува зошто овој човек би требало да остане во притвор“, рече тој.

Туфегџиќ во март годинава уште кажа дека Александар Ѓорчевски не само што е невин, туку тој е оној што до пред објавувањето на трагедијата 24 часа собирал докази за да може да дознае што се случило со неговата ќерка Вања.

Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд за мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ