среда, 5 февруари 2025

Талибанците воведоа нов закон: Жените не смеат да бидат видливи преку прозорец

Врховниот лидер на талибанците Хибатула Ахунџада издаде нов декрет со кој се регулира поставувањето прозорци во куќите и зградите, наредувајќи дека жените не смеат да бидат видливи од соседните куќи додека готват, седат или стојат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според „Кабул сега“, петте точки од декретот, кој во саботата го објави Канцеларијата за административни работи на талибанците на социјалната мрежа Икс, предвидуваат строги мерки за обезбедување на приватноста на жените.

Според првиот член, секоја нова зграда изградена на оддалеченост од друга зграда не смее да има прозорци свртени кон кујната, бунарот или на кое било место каде што обично се среќаваат жените. Другиот член бара од сопствениците на имот со постоечки прозорци кои гледаат на куќата на соседот да изградат ѕид или да преземат други чекори за да ја отстранат забележливата „штета“ на соседите.

Општините и другите тела под контрола на талибанците имаат задача да ги спроведат овие прописи и да обезбедат дека нема да има нови прозорци кои ќе ги прекршат правилата. Откако се вратија на власт во Авганистан, талибанците воведоа широки ограничувања за граѓаните, а особено за жените. Жените се практично исклучени од повеќето јавни сфери.

Последниот декрет е дел од поширокиот сет морални закони донесени во август, кои на талибанската полиција за морал ѝ дадоа проширени овластувања за спроведување ригорозни ограничувања на личните слободи.

Под водство на Ахунџада, беа донесени повеќе од 100 декрети со кои систематски им се ускратени правата на жените. Тие вклучуваат забрани за образование на девојчиња по шесто одделение, забрани за високо образование и вработување на жени – вклучително и во агенциите на ОН – и ограничувања на пристапот до јавни простори како што се паркови, спортски сали, салони за убавина и ресторани.

Обединетите нации ги осудија овие забрани како форма на „родов апартхејд“, нагласувајќи ја зголемената изолација и страдање на жените и девојките под талибанска власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ