понеделник, 21 октомври 2024

Тајван: Забележавме шест кинески балони, еден го прелета островот

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека вчера открило уште шест кинески балони кои летале над Тајванскиот теснец, од кои еден го прелетал островот, последен во низата такви случаи во изминатиот месец и половина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тајванското министерство претходно овој месец во остро формулирана изјава, ја обвини Кина дека ја загрозува безбедноста на воздушниот сообраќај со балоните и води психолошка војна против Тајванците, неколку дена пред изборите во Тајван на 13 јануари.

Кинеското Министерство за одбрана, кое минатиот месец одби да коментира за балоните, не одговори веднаш на барањето за коментар. Кина тврди дека Тајван е нејзина територија, и покрај силното противење на владата во Тајпеј.

Можноста Кина да користи балони за шпионирање стана глобален проблем минатиот февруари кога Соединетите Држави соборија, како што рекоа, кинески балон за надзор. Кина соопшти дека балонот бил цивилно летало кое случајно залутало.

Во последниот инцидент, кој тајванското министерство го откри во понеделникот во својот дневен извештај за кинеските воени активности во изминатите 24 часа, се вели дека шест балони прелетале над чувствителната централна линија на теснецот во неделата.

Сепак, само еден преминал преку тајванскиот остров, на неговиот јужен врв, според мапата обезбедена од министерството.

Останатите пет балони летале на северот на Тајван, но не го прелетале копното, соопшти Министерството. Сите балони се упатиле кон исток пред да исчезнат, се додава.

Централната линија на Тајванскиот теснец порано служеше како неофицијална линија на поделба меѓу Тајван и Кина, но кинески борбени авиони, беспилотни летала и сега балони редовно летаат преку неа. Кина вели дека не го признава постоењето на централната линија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ