сабота, 19 октомври 2024

Тајфунот Доксури предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Покрај загинатите во Шулан, во североисточната покраина Џилин, минатата недела се регистрирани повеќе од 20 лица загинати во Пекинг и Хебеј. Властите сè уште не го објавија вкупниот број на загинати низ целата земја.

Меѓу оние кои ги загубија животите во Шулан има и тројца службеници, меѓу кои и заменик-градоначалникот на градот со околу 587.000 жители, објавија државните медиуми.

Нивото на водата во градот се спушти на безбедно ниво и преземени се итни интервенции за преселување на жителите и поправка на инфраструктурата. Електричната енергија беше вратена во повеќе од 14.000 домови, објавија државните медиуми.

Регионалните власти соопштија дека делови од реката Сонгхуа, главна река во североисточна Кина, и притоката на Ненџијанг останале на опасно високи нивоа.

Исто така, вратена е електричната енергија во многу поплавени подрачја во Пекинг и во покраината Хебеј. Во тек се напори за обновување на струјата во североисточните покраини Џилин, Хејлонгџијанг и Лиаонинг, објави државната телевизија ЦЦТВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ