понеделник, 21 октомври 2024

СЗО ја затвора својата канцеларија во Москва

Објавено на

часот

Сподели

Руската дипломатска мисија во Женева не одговорила веднаш на барањата за коментар. Одлуката била прифатена со потребното мнозинство на посебен состанок на европската канцеларија на СЗО денес, соопшти агенцијата на Обединетите нации.

Канцеларијата ќе се пресели во главниот град на Данска Копенхаген до 1 јануари, се наведува во одлуката. Таџикистан, сојузник на Русија, на истиот состанок побарал канцеларијата да се премести таму наместо во Данска, но повеќето држави гласале против.

Дипломати претходно за Ројтерс кажале дека затворањето на канцеларијата во Москва е замислено како политички чекор во напорите на Западот да се изолира Русија и не се очекува да има последици за Русија или светската здравствена политика. Незаразните болести како дијабетес и рак се главните причини за смрт во европскиот регион на СЗО кој вклучува 53 земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ